„Неверленд“ на Мајкл Џексон продаден за 22 милиона долари
Ранчот „Neverland“ (Недојдија) на Мајкл Џексон конечно е продаден десет години по смртта на поп ѕвездата.
Имотот го купил милијардерот и инвеститор Рон Букл, поранешен семеет пријател на Џексон, јавува „Ројтерс“.
Ранчот е продаден за 22 милиони долари, според јавната евиденција.
Пред пет години за ранчот биле баран и 100 милиони долари, а во 2017 година 67 милиони долари. Портпаролот на Букл рекол дека неговиот клиент на инвестицијата гледа како можност за земјишно банкарство.
Милијардерот за имотот се заинтересирал во моментот кога тој не бил на продажба. Ранчот кој се простира на 1.100 хектари е напуштен од страна на Мајкл Џексон по судењето под обвинение дека таму злоупотребувал деца.
„Neverland“ (Недојдија), името го добил по приказната за Петар Пан, и бил омилено место на Џексон. Ранчот содржел зоолошка градина, железница и тематски паркови кои служеле за забава на децата кои познатиот пејач ги канел.
Едно од нив го обвинило Џексон за злоупотребување, но судот донесе ослободителна пресуда за пејачот. Џексон почина во 2009 година поради предозирање со анестетик на 50 годишна возраст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа