Груевски на Конференција по повод 20 години Паневропска унија на Македонија
Паневропската унија на Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – ОХРИД денеска организираат меѓународна конференција насловена „Европа помеѓу вредностите и предизвиците, што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на Паневропската Унија на Македонија.
На настанот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски, кој воедно ќе има свое обраќање. На панелот насловен „Почитување на меѓународното право и одговорности - нужност за Европа” обраќање ќе има и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, а на конференцијата ќе учествуваат и претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Алан Тереноар, европратениците Дорис Пак и Давор Штир, амбасадорот Георг фон Хабсбург, како и неколку десетици членови на Меѓународната Паневропска унија.
Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.