Убиени двајца членови на "Златна Зора"
Уште едно убиство ја потресе Грција. Синоќа двајца мажи на мотор отвориле оган врз луѓе кои стоеле пред канцеларија на Златна зора во атинскиот кварт Нео Ираклио. Во пукањето две лица, припадници на Златна Зора го загубиле животот, а еден е пренесен во болница каде се бори за живот.
Според грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис двете убиени лица биле на возраст од 20 и 23 години. Едниот маж починал на самото место, додека вториот починал во болница. Третото лице се бори за живот откако било погодено од најмалку еден куршум.
02.11.2013 - 10:54