Предизборен молк во Косово

 

Синоќа од полноќ започна изборниот молк пред одржувањето на локалните избори во Косово и ќе трае се до затворањето на избирачките места утре навечер.

На изборите кои ќе се одржат утре ќе учествуваат 103 изборни листи, утврдени од Централната изборна комисија, со вкупно 7.932 кандидати за советници. Право на глас имаат 1.779.357 граѓани кои ќе избирааат советници и градоначалници во 39 општини. Во споредба со претходните локални избори, бројот на лица со право на глас е зголемен за 11,72 проценти.

Од  103 изборни листи , 38 се албански, 33 се српски, а останатите се листи на независни кандидати, како и на Бошњаци, Турци, Роми, Црногорци, Хрвати, Горанци и Ашкалии.

 За безбедоста на денот на изборите е задолжена косовската полиција, а ќе бидат ангажирани и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР. Изборните места се отвораат во седум часот изутрина, а ќе  се затвораат 12 часа подоцна.

02.11.2013 - 11:06
Фото: 
Денешен

најчитано сега