Ќе ви го скрши срцето: Детенце ја загубило моќта на говорот откако неговиот татко починал пред него (ФОТО)
Уште една тажна приказна доаѓа од Србија. Седумгодишниот Даниел Соколов кој живее во Сајан кај Кикинда во трошна куќа со своите мајка, сестри и браќа, ја загубил моќта на говорот откако пред една година со свои очи видел како неговиот татко го губи животот.
Како што пренесува српскиот Блиц, малиот Даниел кој оваа година треба да тргне на училиште, разбира и слуша, реагира многу брзо, но по трагичниот настан, ја загубил моќта на говорот.
- Тато умре дома. Легна на кревет, се сврте и почна да трепери, раскажува постариот брат.
За жал, семејството живее во трошна куќа и веќе две години нема струја.
02.11.2013 - 11:37
Фото:
блиц.рс