ВИДЕО: Хрватска пејачка случајно го снимила земјотресот

 

Хрватска денеска ја погоди разорен земјотрес со магнитудата од 6.3.

Многу од познатите личности се загрижени поради овие потреси, а пејачката Лана Јурчевиќ го снимила земјотресот сосем случајно.

Таа седела опуштено во својот дом, а сакала нешто да сними за социјалната мрежа Инстаграм, меѓутоа, одеднаш се почувствувал потресот, па така сè успеала да забележи на камера.

Штом почнало да тресе, таа го зграбила своето куче и истрчала од станот.

Снимката на која што сè се тресе, сепак Лана ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм, каде што напишала:

„Токму сега! Потрес на мојата камера... До кога? Го земав кучето и истрчав надвор со него. Причекајте 15 секунди! Значи... Не можам повеќе. Да знаев дека ова ќе се сними на камера... Таман да почнам да се препуштам на убавата атмосфера, сонцето, убавата кампања... Петриња, држете се! Доколку ви треба некаква помош, тука сум“, напишала пејачката во описот на видеото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by La Lana (@lalana)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега