Велешанец превезувал илегални мигранти од Авганистан со своето возило
Околу 20 часот во близина на крстосницата „Стојаково-Ѓавато-Богданци, полициски службеници забележале група лица кои се качиле во возило „Фолксваген Венто“ со велешки регистерски ознаки кои се упатиле кон Гевгелија.
Откако полициските службеници го сопреле возилото со кое управувал 27-годишниот М.Е. од Велес, пронашле и тројца малолетни авганистански државјани A.Ш. Н.А. и M.Ф.
Полицијата го привела возачот.
02.11.2013 - 13:54