Јадете по 3 урми секој ден - 8 здравствени придобивки кои ќе ги почувствувате за една недела
Урмите се толку здрави што се неопходен дел од нашето мени. Тоа што се многу слатки и вкусни само им оди во прилог. Се’ што е треба е една недела секој ден да јадете по три урми. Еве што ќе се случи во вашето тело ако го почитувате ова правило…
1. Коските ќе ви бидат поздрави
Минералите што ги содржи сувото овошје, како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги јакнат нашите коски и се борат против болестите како што е остеопорозата.
2. Метаболизмот ќе ви работи како часовник
На метаболизмот му требаат влакна, а урмите содржат изобилство од влакна. Урмите ја спречуваат појавата на запек, болките и сето она што ја попречува нормалната работа на цревата. Научниците докажале дека оние што редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.
3. Ќе заборавите на стресот и депресијата
Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да создава серотонин, кој го подобрува здравјето на мозокот. Серотонинот го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори со стресот. Науката докажала дека ниското ниво на витамин Б6 е директно поврзан со депресијата. Колку повеќе витамин Б6 внесувате во организмот толку подобро ќе се чувствувате физички и психички.
4. Ќе бидете полни со енергија
Урмите се богати со влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданси, што ги прави совршена ужина. Тие даваат трајна експлозија на енергија, благодарение на шеќерите што ги содржат, како што се фруктоза и глукоза.
5. Срцето ќе ви биде благодарно
Истражувањата покажале дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес, а тоа се главните фактори за ризик од срцеви болести и атерогенеза. Урмите се богат извор на калиум, кој го снижува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како други болести на срцето.
6. Ќе го намалите ризикот од рак на дебело црево
Урмите ги штитат нашите црева од штетни бактерии и на тој начин го спречуваат ширењето на дебелото црево. Луѓето кои редовно консумираат урми имаат добри бактерии што ја спречуваат појавата на рак на дебело црево.
7. Ќе заборавите на алергиите
Урмите се познати антиалергени. Ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени.
8. Значително ќе ослабите
Урмите имаат таков состав што го прочистуваат телото од отрови, маснотии, го подобруваат варењето, а тоа доведува до губење на телесната тежина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа