Драма во Скопје: Љубоморни девојки киднапирале и мачеле малолетничка цели четири часа

 

Три скопјанки си заработија кривична пријава бидејќи киднапирале и малтретирале сограѓанка.

Како што јавува МИА, се работи за 28-годишната Б.Ѓ. 19-годишната Д.Ѓ. и 33-годишната К.П. кои на 28 месецов околу 19 часот на паркингот на улицата „Владимир Комаров“ наспроти кафе барот „Хепи“ ја киднапирале 16-годишната А.Т.  и ја држеле и мачеле цели четири часа. До киднапирањето дошло откако  А.Т. излегла од кафе барот, при што трите насилнички физички ја нападнале удирајќи ја со боксови во пределот на главата и телото и насила ја внеле во автомобил марка „поло“ принудувајќи ја да признае дека имала љубовна врска со нивните момчиња. Потоа се упатиле во кафетеријата „Кафе-Кафе“ во трговскиот центар Бисер, каде што се задржале околу еден час. Откако излегле од локалот повторно физички ја нападнале па со возилото се упатиле во населбата Чаир каде ги пречекал маж, кој работел како чувар на плац.

Околу 23 часот, девојките се упатиле кон станот на момчето на првопријавената. Настанала расправија меѓу неа и момчето кое потоа повредената девојка ја однел до дома.

Повредената девојка заедно со нејзината мајка побарале помош во Градската општа болница каде и се констатирани телесни повреди во вид на огреботини и крвни подливи.

02.11.2013 - 15:02
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега