Претседателот гради црква во своето родно село
Српскиот претседател Томислав Николиќ гради црква на свое земјиште и со сопствени средства во родното село Бајчетина, во близина на Крагуевац.
Темелите на храмот, кој е посветен на Свети великомаченик Димитриј, се осветени на 15 октомври од шумадискиот владика Јован.
- Со долго очекувана радост истакнуваме дека откако Србија стана самостојна Република, господинот Николиќ е првиот претседател кој собра сила да изгради црква, и тоа во едно многу тешко време, нагласи владиката Јован.
Тој додаде дека со ваквиот потег Николиќ се вбројува „меѓу оние владетели на Србија, кои поколенијата ги паметат по градење, а не по уривање на цркви и манастири“.
Согласно црковните правила и договорот со Управниот одбор на Жичката епархија, земјиштето и новиот храм, по осветувањето, ќе бидат предадени во сопственост на Српската православна црква
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа