Сервер: Македонија ги исполни условите за да биде дел од НАТО семејството

 

Американскиот аналитичар Даниел Сервер оцени дека Македонија ги исполнила сите услови за да биде дел од НАТО семејството.

Според аналитичарот, сите земји од Балканот до 2020 година ќе бидат дел од НАТО. Тој вели дека Србија во следните неколку години би можела да го смени ставот во врска со Алијансата, посебно ако Косово направи исчекор на овој пат.

- Србија сега не е подготвена за таков чекор, но сметам дека нема да поминат повеќе од неколку години пред да се урне ова табу, додаде Сервер.

Сервер смета дека Македонија, а исто така и Црна Гора, веќе ги исполниле условите за да бидат дел од Алијансата, а слично мислење има и за Босна и Херцеговина.

03.11.2013 - 10:12
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега