Јанакиески: Целосно ќе се реконструира мостот „Гемиџии“ во Велес

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска најави дека целосно ќе се реконструира мостот „Гемиџии“ во Велес во текот на идната година.

- Мостот „Гемиџии“  во Велес е во една незавидна ситуација, за него се подготвува проект и ќе биде цеслоно реконструиран во текот на наредната година. Проектот треба да биде завршен до крајот на оваа година, по што ќе биде  дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и ќе биде целосно реконструиран во текот на 2014 година, изјави Јанакиески.

Според министерот, проектот за реконструкцијата ќе биде готов до крајот на оваа година.

03.11.2013 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега