Во Косово се одржуваат локалните избори
Во моментов во Косово се одржуваат локалните избори на кои учествуваат 103 изборни листи.Од нив 38 се албански, 33 српски, а останатите се листи на независни кандидати, како и на Бошњаци, Турци, Роми, Црногорци, Хрвати, Горанци и Ашкалии.
Право на глас имаат 1.779.357 граѓани кои ќе избирааат советници и градоначалници во 39 општини.
За безбедоста на изборите се задолжени 5.500 косовски полицајци, а ќе бидат ангажирани и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР. Првите прелиминарни резултати од денешното гласање се очекуваат утре, а официјални најдоцна до 6 ноември
03.11.2013 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа