Д-р Галина Јоковиќ: Губење на мирис како симптом на Ковид 19 е добра вест

 

Истражувањето на лекарите во Србија покажало дека пациентите со корона кои немале проблеми со губење на сетилото за вкус и мирис, за разлика од вкоренето мислење, имале значително потешка клиничка слика, поради што некои биле поврзани со респиратор!

Кога станува збор за луѓе кои доживеале губење на чувството за вкус и мирис и биле позитивни на тест за антитела, ова укажува на лесна инфекција со корона.

–Во пракса се покажа дека луѓето кои имаат проблеми со сетилото за мирис и вкус имаат полесни клинички слики. Овој симптом обично се јавува кај помлади луѓе. Проблемот со мирисот е почест, бидејќи чувството за вкус се враќа побрзо. Имавме и млади луѓе кои, откако ги вратија сетилата за вкус и мирис, имаа чувство на смрдеа, а имаше и пациенти кои поради тоа воопшто не можеа да јадат. Сепак, тоа е привремено, но понекогаш потребни се два или три месеци за целосно да се опорави пациентот – рече д-р Галина Јоковиќ, специјалист за ОРЛ во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега