Колку треба да одите дневно за да ослабете - 7 закони за губење килограми со пешачење
Деновите во кои уживавме во празничната трпеза се зад нас. Поради тоа што многу малку се движевме, а јадевме исклучително калорична храна, нормално е да дојде до зголемување на килограмите.
Сега е вистинското време да се позанимавате со вашето тело, а најдобриот начин за тоа е физичката активност. Најдобрата и најдостапната физичка активност е прошетката, односно пешачењето.
Ако сакате да ослабите со одење, мора да се придржувате до овие 7 закони:
1. Правете по 15.000 чекори дневно
Личната тренерка Хана Дејвис препорачува да правите по 15.000 чекори дневно и токму тоа да е вашата цел секој ден. Можеби таа бројка ви се чини преголема, но во неа влегува буквално секој чекор што ќе го направите од моментот кога ќе станете од кревет. Не грижете се за тоа доколку многу бавно го зголемувате бројот на чекор. Само почнете, советува Дејвис. За разлика од тоа кога прекуноќ го зголемувате интензитетот на вежбањето, удвојувањето на бројот на чекор прекуноќ нема да го оптовари телото, ниту ќе ја зголеми можноста за повреди.
2. Пешачете три пати дневно по 20 минути
Ако секој ден, три пати дневно пешачите по 20 минути, тоа ќе ви помогне да го достигнете посакуваниот број чекори и да ослабите. Едно истражување на Универзитетот во Вашингтон утврдило дека луѓето кои оделе 15 минути по секој оброк имале подобра рамнотежа на шеќерот во крвта (што може да ја намали желбата за уште храна откако сте јаделе) за разлика од оние што оделе 45 минути во кој било период од денот.
Тоа значи дека одењето по ручекот може да ве спаси од вообичаената попладневна летаргија што се јавува по јадење и од желбата за благо. Испробајте го и трикот со кој ќе стопите 20 отсто повеќе калории додека одите.
3. Одете по угорнина три пати неделно
Одењето по угорнина, што вклучува и одење по скали, помага во изградбата на мускули, што, пак, го забрзува метаболизмот. На тој начин ќе согорите повеќе калории дури и кога седите на работната маса. Почнете така што три пати неделно во рутината на одење ќе додадете и интервали на одење по угорнина, па постепено зголемувајте ја зачестеноста.
4. Правете интервали на брзо одење
Одете така што ќе правите едноминутни интервали во кои ќе го забрзате ритамот на одење, со што ќе го зголемите бројот на отчукувања на срцето и ќе согорите повеќе калории. Откако ќе додадете едноминутни интервали во вашата рутина на одење, постепено почнете да го зголемувате ритамот и траењето на интервалот. Додека одите брзо, движете ги рацете. Поместувањето на рацете ќе ви помогне да согорите повеќе калории и да ги зајакнете рамената и стомакот.
5. За време на секое пешачење, додајте и вежби
Слабеењето со одење не подразбира само одење. Правете паузи во кои ќе правите 15 до 20 клекнувања, склекови потпирајќи се на клупа или правете длабоки расчекори. Сите тие вежби ги забрзуваат отчукувањата на срцето, помагаат во изградбата на мускулите и во тоа да не ви стане одењето здодевно.
6. Ограничете го дневниот внес на калории на 1600
Колку хранливи материи треба да внесете во текот на денот зависи од многу фактори, но повеќето жени кои слабеат со одење внесуваат од 1200 до 1600 калории дневно, од кои поголемиот дел се протеини. Ако сакате да ослабите со помош на одење со низок интензитет, ќе мора строго да внимавате на исхраната. Покрај зголемувањето на физичката активност, ќе мора да го намалите и бројот на калории, напоменува Дејвис.
7. Одете по подолгиот пат
Со воведувањето поголем број чекори во вашите секојдневни активности (паркирање подалеку од работното место или домот, користење скали наместо лифт и слично) ќе си го олесните достигнувањето на бројката од 15.000 чекори дневно и слабеењето.
Со текот на времето, малите повремени движења, навистина прават разлика, заклучува личната тренерка Хана Дејвис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа