Бодибилдерот се ожени со секс кукла а сега ја „изневерува“ со други: „Морам да ја споделам мојата љубов“
Јури Толочко, бодибилдер од Казахстан, се ожени во ноември минатата година - со секс куклата Марго. Тој ја запозна во ноќен клуб минатата година и прво планираа да се венчаат во март, но пандемијата на коронавируси ги смени плановите.
Нивната венчавка беше откажана по втор пат затоа што Јуриј беше нападнат за време на поворка на трансродови лица во Казахстан, но во ноември конечно влегоа во брачен живот.
View this post on Instagram
"Отпрвин одлично се забавувавме, но потоа почнав да бидам љубоморен. Многу мажи го сакаат истото како мене. По венчавката, решив помалку да ја експонирам и ѝ забранив да користи Инстаграм. Можеби сум само премногу себичен", вели тојј.
View this post on Instagram
Сепак, Марго сега заврши во „болницата“, односно мораше да оди на поправки, а Јури скршен од нејзиното заминување направи голема грешка - тој ја изневери со друг предмет.
"Не можам да ја поднесам осаменоста додека таа е во болница. Морам да ја споделам мојата љубов кон другите. Беше навистина прекрасно", објасни тој.
Тој исто така рече дека на Марго не и пречи кога има сексуална или љубовна врска со други предмети. "Таа прави сè што сакам и никогаш не се жали на моето однесување. Тоа е убавината на нашата врска", заклучи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа