Цел свет гледаше во Трамп и Меланија, но никој не забележа една важна работа
Целиот свет гледаше во Доналд и Меланија Трамп додека ја напуштаа Белата куќа и никој не забележа ништо чудно. Меѓутоа, сега на социјалните мрежи се шегуваат за младиот наследник, Барон.
Имено, го немам на ниту една фотографија за време на свеченото обраќање и заминување на поранешната претседателска двојка. Барон е најмладиот син, но и единственото дете на Доналд Трамп и Меланија.
Твитер не би бил Твитер ако неговите корисници не започнеа со шеги и духовити забелешки за видливо отсуство на Барон.
barron waking up at the white house today realizing they left without him pic.twitter.com/APbpbsPfEX
— bryan (@bad_vibes_sad) January 20, 2021
ARE YOU BARRON WE HAVE TO GO pic.twitter.com/0ZjPdePqvM
— Santiago Mayer (@santiagomayer_) January 21, 2021
Познатото списание „Пипл“ се занимаваше и со оваа тема, а според нивните информации, Барон отишол со своите родители на Флорида, каде сите ќе живеат заедно.
Исто така, имаше шега дека Бајден ќе го најде Барон во Белата куќа, но сепак, кога ќе ја погледнете ситуацијата малку подобро, доаѓате до заклучок дека Меланија Трамп успеа да го заштити својот син од јавноста, што беше еден од нејзините приоритети кога таа стана прва дама на Америка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа