Научниците на праг на големо откритие: Направен лек за оние кои не можат да ја примат вакцината против коронавирус
Во светот се развиени неколку вакцини против коронавирус, но постојат лица кои поради разни болести не смеат да ги примат истите.
Со оглед на фактот што решението не е во тоа тие луѓе да останат незаштитени, научниците започнале да развиваат лек кој би можел да ги заштити од Ковид-19.
Научната група „Eli Lilly“ развила синтетички антитела кои овозможуваат до 80 отсто намалување на ризикот од зараза со коронавирус, покажуваат првите резултати од студијата.
Водичот на тимот кој работи на истражувањето, Даниел Сковронски, вели дека се многу задоволни од првите резултати кои покажуваат дека синтетичките антитела наречени „бамланивимаб“ го намалуваат симптоматскиот облик на Ковид-19 кај постарите лица.
Во испитувањето учествувале 299 корисници на домови за стари и 660 членови на медицинскиот персонал во тие институции, на кои им биле давани синтетички антитела или плацебо. По 8-неделното следење на групите, ризикот од развој на симптоматски облик на коронавирус бил намален за 57 отсто кај сите лица кои примале синтетички антитела.
Иако се ветувачки, ова се само први резултати од студијата така што не треба да се донесуваат прерани заклучоци, а допрва се очекува резенција од странски научни заедници.
Инаку, синтетичките антитела се даваат интравенски и делуваат така што ја имитираат реакцијата на имунолошкиот систем по зараза со коронавирус, и тоа така што спречуваат „шилците“ на вирусот да се закачат за човечките клетки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа