Јапонците имаат најниска стапка на смртност од Ковид-19, а сè поради еден моќен елемент

 

Пандемијата на коронавирусот не стивнува, но смртноста во голема мера варира од земја до земја, во што апсолутно најдобри резултати покажува Јапонија.

Најновата статистика вели дека во земјата на изгрејсонцето има само 18 починати на милион жители, а многумина веруваат дека тајната лежи во едно моќно соединение – јод.

Ваквите резултати се во согласност со истражувањето на Националниот центар за ревматологија во Холандија, на чело со д-р Р. Х. Верхесен, кое покажало дека внесувањето на оптимални количини на јод има значително влијание врз стапката на смртност кај најстарата популација, која страда од Ковид-19.

 

 

Истовремено, д-р Гери Ворен, водечки истражувач на „SAIC“, во својот труд „Внесот на јод за намалување на преносот и смртноста од Ковид-19“ наведува дека дневното внесување на максимално препорачани количини на јод доведува до апоптоза – клеточна смрт на клетките заразени со коронавирус, спречувајќи негово понатамошно ширење. А бидејќи Јапонците спаѓаат во народ со најголем внес на јод, што е и тајната на нивната долговечност, заклучокот е јасен.

Дневниот внес од 1,5 до 2,4 милиграми по лице (во зависност од телесната тежина) ја зголемува подготвеноста на организмот да се бори против Ковид-19 и со тоа значително ја намалува можноста за пренесување и смртност од вирусот.

Јодот најмногу се наоѓа во алгите, морските риби и готварската сол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега