Со тензии и заплашувања поминаа изборите во Косово

 

Со тензии и заплашувања во деловите во кои Србите се мнозинство минаа локалните избори.

Косовската Централна изборна комисија уште синоќа соопшти дека ќе преиспита дали во четирите општини во северно Косово, во кои Србите се мнозинство, „воопшто се одржале избори за органите на локалната власт“. 

- Поради инцидентите со напади на 16 избирачки места во Косовска Миторвица се уште немаме инфромации за изборната активност и за резултатите од изборите, нагалси претседателката на Комисијата. Валдете Дака.

Таа инфромира и дека според расположливите податоци, одѕивот на гласачите на вчерашните избори бил 46,7 проценти, што е за околу 100.000 гласачи повеќе во споредба со локалните избори 2009 година.

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Приштина, ги осуди инцидентите на изборите, нагласувајќи дека нема да бара поништување на гласањето во северниот дел на Косовска Митровица и покрај нерегуларностите.

Шефот на Мисијата, Жан Клод Шлумберже индформира дека според нивните оценки изборниот процес бил успешен се до 17 часот, кога имало напади на три гласачки места во северниот дел на Митовица.

Тој информира дека група маскирани луѓе упаднале во гласачките места во едно училиште во градот, ги уништиле гласачките кутии, ги нападнале членовите на избирачките одбори и фрлиле солзавец. Според него, слични инциденти имало и на гласачките места во уште две училишта.

- Поради загриженоста за безбедноста на персоналот, од Централната изборна комисија побаравме дозвола за предвремено затворање на гласачките места во три општини, нагласи Шлумберже.

Инцидентите на изборите ги осуди и Мисијата на ОН во Косово (УНМИК), оценувајќи дека е потребно спроведување на сеопфатна истрага за да се утврди што точно се случило и да се откријат сторителите на овие напади.

- За ваквите деструктивен акти на хулиганство нема место во цивилизираните и демократски општетсва и нивните сторители мора под најитно да бидат изведени пред лицето на правдата, оцени УНМИК

04.11.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега