Македонски хирурзи на обука за кадаверична трансплантација во Кембриџ

 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ќе го посети Центарот за трансплантација и лабораториите за хистокомпатибилност и имуногенетика при Одделот за хирургија во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници-Кембриџ.

Предвидено е за време на посетата, македонскиот министер за здравство да потпише меморандум за соработка со кој како што јавува МИА, е предвидена бесплатна едукација на тројца македонски доктори - хирурзи во Центарот за трансплантација при Одделот за хирургија во „Аденбрук“, за кадаверична трансплантација, која не се прави во Република Македонија. 

Министерството за здравство веќе објави оглас за доедукација на тројца доктори-хирурзи од јавните здравствени установи кои имаат претходно искуство во областа на трансплантација на органи, кој ќе трае до 15  овој месец. 

Предвидено е и доктори од Кембриџ да дојдат воп Македонија за да ги пренесат своите искуства и знаења на македонските колеги.

 

04.11.2013 - 09:21
Фото: 
делчеводенес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега