Тројката на нови преговори во Грција
Владата во Грција ќе се обиде да ги убеди меѓународните кредитори на земјата дека не се потребни дополнителни мерки за заштеда на околу 2,5 милијарди евра, како што бараат претставниците на „тројката“ од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, кои денеска се доаѓаат во Атина за да ја договорат исплатата на следната транша од помошта за Грција.
Аналитичарите сметаат дека Атина не исполнила две од четирите барања на кредиторите, врз основа на кпои земјататреба да добие уште еден пакет од една милијарда евра, соопштуваат грчките медиуми.
Станува збор за барањата на „тројката“ поврзани со реструктуирањето на двете компании за оружје ЕАС и ЕЛВО, и металургиската индустрија ЛАРКО, како и за вклучување на 12.500 државни службениц во т.н. „распоред за мобилност“.
Опозициска партија СИРИЗА изрази загриженост дека и овојпат Кабинетот на премиерот Самарас ќе отстапи пред притисокот на кредиторите и ќе ги прифати нивните барања за дополнителни мерки за штедење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа