Мистерија во Хрватска: Дух на преубава девојка стопира автомобили па исчезнува!

Во Хрватска се шири приказна за дух на преубава жена од Учка, која се појавува среде пат, а потоа мситериозно исчезнува.

Како што пренесуваат хрватските медиуми,  девојката која е преубава стопира автомобили, а потоа во знак на благодарност штo  ја земале да ја превезат, девојката ја зема дланката на возачот и му ја претскажува иднината, а на крајот исчезнува од внатрешноста на автомобилот. Таа стои на патот пред тунелот Учка и запира само автомобили каде е возачот сам, пренесе 24сата.хр.

Оваа легенда постои од 1988 година од кога полицијата започнала да добива голем број повици од исплашени граѓани кои ја раскажуваат истата случка. Како што вели приказната за црната убавица се заинтересирале и Италијаните, Раи 3 има снимено приказна за тоа, но исто така без никакви конкретни факти или докази, туку само познатата легенда.

-Таа едноставно исчезна, не чув дека врата се отвори за да помислам дека скокнала – престрашен бев со денови никому не кажав, изјавил еден од оние кои тврди дека имал средба со мистериозната црна убавица, за 24сата.хр.

 

04.11.2013 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега