Намирници кои создаваат непријатност и киселини во желудникот – сведете ги на минимум
Овие намирници лошо влијаат на вашиот желудник. Ви советуваме истите да ги избегнувате или пак да престанете да ги консумирате.
Киселината во желудникот може да биде предизвикана од различни фактори. Најчестата причина за создавањето на таквата непријатност во стомакот е нездравиот начин на живот и лошите навики во исхраната.
Доколку често се соочувате со таквиот проблем обидете се таквите намирници да ги исфрлите од исхрана или пак да го намалите нивното внесување во вашиот организам.
Тоа се следните намирници:
Зачинета и пржена храна
Зачинетата храна може лесно да предизвика киселини и се наведува како една од главните причини за тоа. Веднаш по неа на листата се наоѓа пржената храна.
Чоколодо
Чоколадото е богато со масти, кофеин и какао. Овие три состојки се главна причина за киселини во желудникот
Газирани пијалаци
Содата може да ви помогне во варењето на храната по консумирање на некое „тешко“ јадење. Меѓутоа, меурчињата од газираните пијалаци се шират во желудникот, а тоа го зголемува притисокот и доведува до создавање киселини.
Месо
Високото количество на транс-масти кое што го содржи црвеното месо може да биде лошо за дигестивниот систем. Наместо масно месо изберете пилешко месо, месо од мисирка или пак риба.
Сирење
Полномасното сирење може да биде причина за појава на киселини во желудникот.
Алкохол
Пивото и виното спаѓаат во кисели напитоци кои што создаваат непријатност во вашиот стомак.
Кафе
Една шолја кафе може да ја олесни главоболката. Меѓутоа, таа е богат извор на кофеин, а кофеинот е една од главните причини за создавање киселини во желудникот, особено доколку го консумирате на празен желудник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа