ЕК ги осуди инцидентите за време на локалните избори во Косово

 

ЕК денеска ги осуди инцидентите за време на вчерашните локални избори во северниот дел на Косовск Митровица.

Според Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, инцидентите во овој реон го засениле „уредно водениот избирачки процес во Косово”.

- Одблиску ги следиме случувањата. Ги осудуваме насилните инциденти што се случија вчера во северна Митровица што го прекинаа, инаку уредно водениот избирачки процес во остатокот од Косово. Нашата Набљудувачка мисија ќе ја објави својата прелиминарна оценка на прес-конференција што ќе се одржи утре, истакна портпаролката на Ештон.

Во однос на заплашувањата, инцидентите, снимањата на изборните места, притисоците и другите насилни случувања на денот на изборите во Косово, на кои учествуваше и српската заедница од северниот дел, Европската унија се очекува во текот на денот да излезе со други официјални информации и ставови

04.11.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега