„Етнос“: Во Грција можни предвремени избори на почетокот на 2015

Според грчкиот весник „Етнос“ можно е во Грција да има предвремени избори на почетокот на 2015 година.

Ваквиот развој на настаните весникот го образложува со ставот дека е малку веројатно оти двете партии во владината коалиција - Нова демократија и ПАСОК, ќе можат да соберат 180 гласа во Парламентот за да изберат претседател на земјата и да избегнат предвремени парламентарни избори. Според грчкиот Устав претседателот на државата се избира од страна на Палраментот. Гласањето за нов претседател на земјата ќе се одржи на почетокот на 2015 година.

Конзервативната Нова демократија во моментов располага со 127 пратеници, а социјалистичкиот ПАСОК со 28. Двете партии заедно имаат 155 пратеници, што претставува многу тешка, но не и невозможна задача, за да го обезбедат неопходното мнозинство од 180 пратенички гласа за избор на претседателот.

Ова мнозинство му е неопходно на сегашниот кабинет на Самарас за да преживее и да ги избегне предвремените парламентарни избори, смета весникот „Етнос“.

Мандатот на сегашниот претседател Каролос Папуљас исзтекува на 12 март 2015 година.

Двете владејачки партии - Нова демократија и ПАСОК, се обврзани за претседателската функција да предложат лице кое не потекнува од нивните редови, што како најсериозни кандидати ги истакнува Фотис Кувелис, лидер на Демократската левица (ДИМАР), доскорешен партнер во владејачката коалиција, и Никос Констандопулос, поранешен лидер на опозициската Коалиција на радикалната левица

04.11.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега