Георгина му честиташе роденден на својот сакан: „Среќен роденеден љубов моја“ (ФОТО)
Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо денеска слави роденден.
Фудбалерот на Јувентус заслужено за својот роденден замина на зимување заедно со својата свршеница Георгина Родригез, а речиси никој да не знаеше за тоа се до еден момент кога Георгина ги откри деталите.
Таа на Инстаграм му честиташе роденен на својот сакан па напиша:
- Да дочекаме старост со истата илузија како денес. Среќен роденеден, среќен живот, љубов моја. Бог нека продолжи да внесува толку многу љубов, здравје и благослови во нашите животи!“ напиша Георгина и објави неколку фотографии.
Веднаш следеа честитки, а за само 15 минути објавата имаше повеќе од 200 илјади лајкови.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа