До крајот на годината 3.000 банкарски службеници од Грција ќе ја напуштат работата
Околу 3.000 банкарски службеници од четирите водечки банки во Грција „Еуробанк“, „Националната банка на Грција“ (НБГ), „Пиреус“ и „Алфа Банк“, се очекува да ја напуштат работата до крајот на годината или најдоцна во првите три месеци од 2014 година.
Според програмата за доброволно напуштање на работните места ќе биде редуциран персоналот на овие банки.
Проблематичните грчки банки за докаптитализација досега потрошија повеќе од 50 милијарди евра, но ЕУ ги притиска на дополните намалување на оперативните трошоци.
ЕУ, заедно со ММФ и Европската централна банка, побараа банките да ги скратат трошоците со намалување на својот персонал преку доброволни отпуштања, а ако тоа не е можно, да бидат спроводени големи намалувања на платите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа