Д-р Несторовиќ сподели алтернативен рецепт за зајакнување на имунитетот

 

Заради моменталната состојба со коронавирусот, сите се обидуваме да го зајакнеме имунитетот, а српскиот пулмолог проф. Д-р Бранимир Несторовиќ го сподели својот алтернативен рецепт за „подигнување“ на имунитетот.

- Постојат многу начини за зајакнување на имунитетот. Едниот е прошетка на студен воздух, која трае до еден час. Вториот е престој во сауна, исто така до еден час. Во исхраната користете храна богата со растителни влакна, зеленчук, морска риба најмалку двапати неделно, по можност печена - вели Несторовиќ.

Откри и три намирници кои се клучни за зајакнување на имунитетот и го објасни нивното влијание.

 - Копривата содржи бројни имуностимулативни и антиканцерогени супстанции, а лукот и брокула имаат изразени антиоксиданти. Оревот е храна со многу корисни материи - рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега