Владата нуди поволни кредити за самовработување и отворање нови работни места
Владата продолжува со мерките за вработување и намалување на невработеноста во државава. Агенцијата за вработување распиша два огласи аплицирање за поволни кредити од кои првиот е за кредитирање микро и мали претпријатија, додека вториот е за кредитирање невработени лица за самовработување.
Како што пренесува Економски.мк, на првиот оглас може да се аплицира за кредит од 3.000 евра, а максималниот износ на кредитот е 9.000 евра за три нови работни места. Услов е фирмите да се активни барем една година и да имаа вработено лице, додека на вториот оглас можат да се јават сите невработени од евиденцијата на Агенцијата кои ќе почнат сопствен бизнис и ќе отворат три до пет работни места. За дејности од поголем обем пак, можат да аплицираат по пет невработени, од нив 5000 евра ќе добие кредитобарателот и по 3.000 останатите четворица, или вкупно 17.000 евра.
- „Овие мерки имаат цел да се зголеми вработеноста, тие се добра поддршка и за оние лица кои се невработени, а имаат идеја да реализираат бизнис, но и за прептријатијата кои сакаат да вработат нови лица и да го прошират својот бизнис. Условите се многу поволни, рок на враќање на средствата од 2 години, грејс период од 1 година, и камата од само 1%. Искуствата покажуваат дека 90% од бизнисите кои се реализирани со оваа мерка опстојале и продолжиле да функционираат, значи има ефикасност “, изјави владиниот потпарол, Александар Ѓорѓиев.
Огласите ќе бидат отворени до 15 ноември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа