Тројца Унгарци исчезнаа во Охридското Езеро?
Возило марка Фиат Добло од сопственост на тројца унгарски државјани се уште стои на паркингот на авто кампот Градиште во Охрид. Чуварот на кампот вчера околу 20 часот пријавил дека при влез во кампот забележал дека на возилото има 3 кајаци, дознава Press24. Тој на полицијата и рекол дека Унгарците не се вратиле по возилото, односно автомобилот се уште стои на паркингот но на него веќе ги нема кајаците. Полицијата почнува потргата по унгарските државјани. Она што се знае е дека во Македонија влегле на Табановце на 5 мај годинава. Не се исклучува можноста дека можеби влегле со ајаците во Езерото каде ги фатило невреме. Полицијата ја потврди информацијата и информираше дека се уште се трага по нив.