ВИДЕО: Ги расплака сите - Балканот во солзи поради снимката која ја објави најстарата ќерка на Балашевиќ
Јована Балашевиќ, Лола, најстарата ќерка на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, неутешна е после смртта на нејзиниот татко.
Лола на Инстаграм со своите следбеници сподели снимка со сестра ѝ и родителите, која настанала во доцните 80-те или почетокот на 90-те години.
На снимката се Ѓорѓе, Оливера, Беба и Лола, а двете девојчиња зборуваат за љубовта кон својот татко и она што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
„Најмногу го сакам татко ми како татко“, вели малата Лола на снимката, а истата реченица ја споделила и во описот на објавата.
Балканот не е толку растревожен поради снимката, колку што е поради плачот и воздишките кои се слушаат во позадина, од Лола Балашевиќ.
Многумина напишале дека плачат додека ја гледаат снимката.
Ова видео на Инстаграм е прегледано повеќе од 50.000 пати.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа