За само 60 секунди: Експерт откри лесен начин на заспивање

 

Експерт за интегративна медицина, Ендрју Вајл, од Универзитетот на Аризона, открива лесен и ефективен начин на заспивање за 60 секунди.

Ендрју Вајл ја препорачува методата 4-7-8, позната и како „бавно дишење“. Според него, длабокото и ритмично дишење, коешто индиската јога го практикува со медитација, ни помага да заспиеме за само една минута.

„Тоа е најдобриот метод да заспиете повторно, ако се разбудите сред ноќ. Треба да вдишувате бавно низ носот  четири секунди, потоа да го задржите здивот седум секунди и да издишувате осум секунди… Тоа се повторува сѐ дури не заспиете“, објаснува експертот.

Вајл тврди дека таа метода помага не само за совладување на несоницата, туку и за ослободување на стресот во телото. За најдобри резултати, Вајт советува ова да се практикува почесто и редовно.

 

Share
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега