Генерален штрајк во Грција

Во Грција денеска државниот и приватниот сектор ќе биде блокиран поради 24-часовниот генерален штрајк во знак на протест поради новиот данок на имотот и поради стравувањата од ново намалување на платите и пензиите.

Возовите и тролејбусите во Атина нема да сообраќаат, додека автобусите од градскиот транспорт, метрото и трамваите ќе возат редуцирано. Во болниците ќе се примаат само итни случаи.

Три часа нема да работат и авиодиспечерите. Бродовите ќе останат закотвени во пристаништата, а од 10 до 15 часот по локално време нема да работаат новинарите.

 

06.11.2013 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега