Кошаркари на Струмица и Лирија се испотепале среде натпревар

 

За време на натпреварот Струмица-Лирија кој заврши со пораз за Струмица со 83:67, настанала физичка пресметка меѓу кошаркари од двата тима, при што морала да интервенира и полицијата.

До тепачката дошло откако кошаркарот на Зоран Стојанов во 36-тата минута го удрил играчот на Лирија, Бојан Трајковски и заработил техничка, по што кошаркарот од Лирија му се нафрлил за да му врати и се создал вистински хаос во салата. Дошло до петминутен прекин на натпреварот, а бесните кошаркари ги разделувала полицијата.

 Стојанов и Грнчаров од Струмица и Трајковски од Лирија по инцидентот биле исклучени од натпреварот.

07.11.2013 - 09:54
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега