Екс градоначалник на Пехчево ја оштетил општината за над 4 милиони денари
Поранешен градоначалник на општината Пехчево си заработи кривична поради злоупотреба на службената положба.
Според информациите од полицијата, 52-годишниот Ј.С. поранешен градоначалник на општина Пехчево во текот на минатата година, во 18 случаи од повеќе правни лица извршил набавка на разни стоки и услуги (телекомункациски услуги, нафта и нафтени деривати, угостителски услуги, рекламирање, хортикултурно уредување, компјутери и компјутерска опрема), без да спроведе постапка за јавни набавки.
Поранешниот градоначалник на овој начин им овозможил на фирмите да се стекнат со 4.339.940 денари, на штета на општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа