Италијански свештеник: Благословот за геј двојките доаѓа од Бога

 

Локалниот парохиски свештеник од Бонасола, во близина на градот Ла Специја, Дон Џулијо, одби да ги благослови маслиновите гранки и палмите, обичај што се повторува во светата недела на Католичката црква.

На тој начин, Дон Џулијо протестира откако Светата Столица неодамна објави дека не може да благословува истополови бракови, пишува агенцијата „Анса“.

„Апсурдно е што црквата благословува сè, понекогаш дури и оружје, но не можеме да ја благословиме чистата љубов само затоа што таа обединува луѓе од ист пол. И што е уште полошо, нивната љубов и натаму е означена како грев. Ако подобро размислам, хомосексуалните парови можат да се сакаат и без црквата, бидејќи благословот, се разбира, доаѓа од самиот Бог“, вели Дон Џулиjо.

Христијанскиот обичај за благословување на палмите и маслиновите гранки го означува триумфалното влегување на Исус во Ерусалим.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега