Ново истражување: Научници отклриваат дали коронавирусот остава последици
Најчесто поставувано прањање во врска со коронавирусот е какви се последиците за оние кои веќе го прележале вирусот, па поради тоа беше објавена студија од престижниот британски медицински журнал.
Студијата опфатила дури 50 000 пациенти хоспитализирани од „ковид-19“ и дава детални медицински податоци по болеста во однос на контролната група на луѓе кои немале ковид 19. Заклучоците од медицинската студија посочуваат дека вирусот оставил сериозни здравствени последици врз оние кои се бореле со него.
Податоците покажуваат дека во рок од 140 дена по болеста, дури 30 проценти од нив рековалесценти (медицински пациент кој е на пат кон целосно закрепнување) биле повторно хоспитализирани, четири пати почесто од луѓето кои го немале.
Секој десетти пациент кој завршил во болница, повторно починал во истиот период: смртта била дури осум пати почеста отколку во другата група, без коронавирус.
Респираторни заболувања, дијабетес и кардиоваскуларни болести, исто така, биле значително почести кај реконвалесцентите од Ковид 19, и беше посочено дека овие здравствени ризици не се ограничени на постара популација.
Препораките од студијата во Британскиот медицински журнал се: дијагностицирање, лекување и спречување на пост-ковиден синдром бара интегриран пристап, а не анализа на влијанието врз одделни органи или болести, затоа е потребно итно ново истражување за да се утврдат сите фактори на ризик .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа