Ограбена банка на улицата Џон Кенеди - крадците си заминале со 10.000 евра
Околу 8 часот и 30 минути утрово на улицата "Џон Кенеди" се случил грабеж во банката "Вестерн Унион".
До грабежот дошло кога две засега непознати лица влегле во банката и со закани на албански јазик и со пиштол од вработените успеале да одземат околу 10.000 евра, по што со трчање избегале кон "Гинекологија".
Полицијата работи на случајот.
08.11.2013 - 09:16
Фото:
Плусинфо
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа