Наместо во воена униформа принцот Хари ќе присуствува на погребот на својот дедо во цивилна облека
Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип откога тој се повлече од своите должности во кралското семејство.
Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на кралските маринци, која ја презеде од својот дедо, како и на уште две почесни воени функции. Тоа значи дека тој не може да носи официјални униформи на настапи и, најверојатно, ќе пристигне на службата в сабота во костум како и другите поранешни војници. Тоа ќе биде сосем спротивно на татко му, принцот Чарлс, и на брат му, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во воена униформа.
Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во костум по повлекувањето од јавната функција во 2019 година поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.
Хари не се врати во Велика Британија по поднесувањето оставка од сите функции во кралското семејство пред нешто повеќе од една година.
Војводата (36) наводно отпатувал од својот дом во Калифорнија, а на неговата бремена сопруга Меган Маркл ѝ било препорачано да не лета за Велика Британија. Секако, Меган направила сè за да му се придружи на сопругот, но докторот не ѝ дал дозвола да патува.
Војводата и војвотката објавија почит кон принцот Филип на интернет-страницата на својата фондација „Арчвел“, каде што пишуваше: „Во спомен на Неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021 година. Ви благодариме за услугата… Многу ќе ни недостигате“.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа