Иновациите на млади научници изложени во канцеларијата на претседателот Иванов

Четириесетина пронајдоци на ученици од основните и од средните училишта, наградени на државните натпревари за млади истражувачи, во организација на Народна техника на Македонија, и на манифестациите МАКИНОВА и ЕКОНОВА, денеска беа претставени во канцеларијата на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов на изложбат „Наука на младите.

Претседателката на Народна техника и продекан за настава на ФЕИТ Христина Спасовска истакна дека целта на настанот е на едно место да се спојат и разменат мислења најмладите истражувачи, од основното и средното образование, додека деканот на ФЕИТ Миле Станковски се надева дека изложбата ќе биде поттик за тие што сакаат да се занимаваат со наука да се придружат во науката и високото образование да го продолжат на технички или на факултети од природните науки.

- На нашиот факултет, ФЕИТ, се работат најголем број научно-истражувачки проекти во кои учествува кадарот на факултетот, но и  млади научници - асистенти, докторанди и многу студенти. Наш студент за проектот за својата дипломска работа доби златен медал и уште две плакети на МАКИНОВА оваа година, истакна  Станковски.

Претседателот на СПАТУМ  и проф. на ФЕИТ Влатко Стоилков изјави дека големиот број патенти на млади научници потврдува дека Македонија има голем иноваторски потенцијал.

- По бројот на жители на државата сме прилично талентирана нација. Имаме многу патентти, пронајдоци, учествуваме на голем број меѓународни манифестации каде што добиваме и престижни признанија и награди. Нивниот број постојано расте, иако има административни пречки кои се поврзани со финансии и временски рокови. Тоа е бариера во која иноваторите тешко влегуваат. Но, ако направивме спој меѓу институциите - Државниот завод за заштита на индустриската сопственост, стопанските субјекти, мислам дека можеме да се движиме во добра насока,  истакна Стоилков.

08.11.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега