Лекари од Воено-медицинскиот центар на АРМ ќе специјализираат на Турската Воено-медицинска академија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески од денеска престојува во работна посета на Вооружените сили на Турција.

За време на средбата, началникот оствари средба со генерал Неџет Озел со кој покрај унапредувањето на соработката меѓу двете земји, тема на разговор била и заедничката обука и школување на припадниците на АРМ во турските Воените сили, при што било договорено во иднина лекарите од Воено-медицинскиот центар на АРМ да имаат можност да специјализираат и да се доусовршуваат на Турската Воено-медицинска академија ,,ГАТА“, како и специјализирање за прегледи на лица од военото воздухопловство. 

- Покрај продлабочувањето на техничката соработка и поддршка од страна на Турските ВС на македонската Армија, на средбата беше разгледана и можноста за заедничко учество во меѓународните мировни мисии, како и реализација на заеднички културно-социјални проекти, се вели во денешното соопштение од ГШ на АРМ.

Генералот Озел изразил задоволството од соработката помеѓу двете армии, како и подготвеност за продолжување и проширување на заедничките проекти помеѓу двете армии, особено на полето на военото образование и обуката.

 

08.11.2013 - 12:49
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега