Му заѕвониле на врата и го уапсиле - детали од приваедувањето на Зоран Божиновски

Зоран Божиновски бил уапсен од станот во кој престојувал во Нови Сад. Како што неофицијално дознава Press24 од полициски извори, српските полицајци му заѕвониле на врата и го привеле. Нашите извори велат дека полицјата имала сознание дека Божиновски престојува во два стана во Нови Сад. 
Неофицијално, при приедувањето, кај него биле ринајдени и два компјутери и неаква документација. Нема информации што имало во компјутерите ниту пак меѓу документите.
Денеска МВР и официјално потврди дека Божиновски е во екстрадиционен притвор, откако вчера, истражниот судија во Нови Сад решил тој да остане зад решетки во наредните 40 дена. МВР веќе го известило македонското Министерство за правда кое треба да ја почне постапката за екстрадиција. Полицијата нема информации, дали освен македонскиот, Божиновски поседува и српски пасош. 
Кривичната ријава за случајот Шипон го товари за повеќе кривични дека, меѓу кои и злосторничко здружување и уцена. 

08.11.2013 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега