Пукање во Скопје: На мета вториот човек во Агенцијата за разузнавање
Заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање завчера бил инволвиран во вооружен инцидент кога поради расправија во сообраќајот било пукано во неговото возило, јавува Вечер, повикувајќи се на нефоцијални информации.
Според информациите до кои дошол весникот, инцидентот се случил завчера во попладневните часови на улица во Скопје. Вториот човек на Разузнавање бил во својот автомобил со семејството кога почнала расправијата. Имено, возачот кој бил зад него сметал дека овој многу бавно се движи, па почнал да му свири за во еден момент да застане паралелно со него и да почне да го навредува и да му се заканува. Засега не е познато дали разузнавачот одговорил на провокациите, но веднаш потоа нервозниот возач го паркирал својот автомобил пред разузнавачот, му го блокирал патот и испукал неколку куршуми, најверојатно не знаејќи кој е зад воланот во другиот автомобил. За среќа, никој не бил повреден во инцидентот, а пиштолџијата побегнал.
Засега од МВР и од АР не го потврдуваат инцидентот и меѓусебно се препраќаат за информации за настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа