Тројца охриѓани загинаа на враќање од слава - страшна сообраќајка кај „Елешец“
Тројца охриѓани загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случила ноќеска, 10 минути по полноќ пред автокампот „Елешец“ во Охрид. Според досегашните информации, лицата се враќале од Трпејца каде биле на прослава на празникот Митровден
Во сообраќајката загинале 21 годишниот Х.Ј. кој патувал со возило „Исузу“ и сопружниците К.Д. (39) и Т.Д. (28) кои патувале со „Рено Канго. До несреќата дошло кај „тумбата“ помеѓу кампот и плажата „Атлантис“, кога директно се судриле двете возила. Во џипот имало три лица од кои на лице место загинал совозачо Х.Ј, а возачот бил итно пренесен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Третото лице поминало без повреди.
Детали од сообраќајката се очекуваат во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа