Хрватска врати 34 тони македонски краставици со опасни хемикалии

34 тони краставици од Македонија биле вратени од Хрватска бидејќи имале премногу опасни хемикалии, објавува Нова Македонија.

Според информациите на Нова Македонија, хемиската анализа утврдила дека во краставиците имало остатоци од пестицидот хлорпирифос. Оваа информација ја потврдиле и од Агенцијата за храна и најавиле истрага. Според нив, пестицидите биле користени два дена пред бербата.

На краставиците им била ставена царинска пломба и тие биле испратени на уништување. Хрватската санитарна инспекција забранила македонските краставици да се пуштат во пазарен оптек, изјавиле од хрватското Министерство за здравство за Нова Македонија.

 

09.11.2013 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега