Нетпрес: Фирмите на Заеви исцицале милиони од општинската каса
Преку договирите кои ги склучувала со Општина Струмица и јавното комунално претпријатие „Комуналец“, градежната фирма АДГ Пелагонија, каде најголем акционер е Трајче Заев, првиот братучед на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, заработила над 24 милиони денари. Ова го покажуваат документите кои денеска ги објави порталот Нетпрес.
Според документите од Бирото за јавни набавки, фирмата каде најголем акционер е Трајче Заев од 2008 досега има заработено вкупно 24.171.900 денари (393.617 евра). АДГ Пелагонија со општина Струмица има склучено вкупно 12 договори, вредни 11,5 милиони денари.
Првиот договор кој АДГ Пелагонија го склучила со Општина Струмица е со најголема вредност, а е склучен само два месеци откако Трајче Заев купил 12 отсто од акциите во фирмата. Договорот кој “тежи“ 2,7 милиони денари е за изведба на работи и набавка на стоки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа