Почина младиот скопјанец кој падна во провалија кај Бабуна

 

Момчето кое вчера падна во провалија во близина на изворите кај реката Бабуна ја загуби битката со животот. Неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Младиот скопјанец бил рекреативен планинар и со група планинари од Битола оделе кон Солунска глава. 

Сеуште не е познато како дошло до трагедијата. Од МВР најавуваат повеќе детали за утре.

 

10.11.2013 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега