Бакрачески ќе биде кум за Водици во Охрид за 2014 година

 

Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, ја прифати поканата на Здружението „Богојавление“ и ќе биде новиот кум на големиот верски празник Водици за 2014 година. 

- Чест и привилегија е да се биде Кум на големиот христијански празник Богојавление-Водици, празник кој најнапред има голема верска и духовна димензија поврзана со традицијата на православниот македонски народ, а истовремено овој свет ден за Охрид претставува презентација на верскиот туризам, како алтернативна туристичка понуда на градот, изјави градоначалникот Бакрачески.

Кумството на големата манифестација по повод празникот Бакрачески ќе ја организира заеднички со охридскиот бизнисмен Сашо Симески.

Веќе години наназад официјално кумството по повод Водици во Охрид ќе биде соопштено на 4 декември, на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста. 

10.11.2013 - 12:10
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега