Жителите од село Ногоевци и Градско добија нов мост

Премиерот Груевски денеска го пушти во употреба мостот кој го поврзува селото Ногаевци со Градско, долго 100 метри, инвестиција која тежи 14 милиони денари. Со ова премиерот истакна дека е исполнето уште едно ветување од страна на Владата кое им беше дадено на тамошните жители, откако во 2010 година се урна стариот мост. 

- Кон крајот на 2010 почнаа процедурите за изготвување на проектот, во април 2012 стартуваше и изведбата, а мостот е комплетно завршен во мај, јуни годинава, рече Груевски.

Претседателот на Владата претходно го пушти во употреба реконструираниот регионален пат Пробиштип-Свети Николе. 

10.11.2013 - 16:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега